Поврзи се со нас

Фудбал

Компани ја заврши кариерата

Брисел, 17 август 2020 (МИА) – Белгискиот фудбалер Винсент Компани ја заврши својата играчка кариера.

-текстот продолжува по рекламата-

Поранешниот играч на Хамбург и Манчестер Сити ја заврши кариерата на 34-годишна возраст.

Тој сега ќе работи како главен тренер на Андерлехт.

-текстот продолжува по рекламите-

По 11 години во Манчестер Сити, каде беше капитен осум години, во 2019 година се пресели во Андерлехт.

Тој страдаше од повреди една и пол година, па реши да ја заврши кариерата и целосно да се посвети на тренерството.

Во својата кариера, тој освои две белгиски титули со Андерлехт, четири Премиер лиги и два ФА и Лига купови со Сити.

Тој забележа 85 настапи за Белгија и стигна до третото место на Светскиот куп во Русија.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама