Фудбал
Компани реши лично да им плати на сите играчи на Андерлехт она што клубот не е во можност да го плати
Епидемија на коронавирусот може да му зададе на белгискиот гигант удар од кој тешко ќе се опорави.
Андерлехт претрпува големи финансиски загуби, постои дури и страв од банкрот, што неодамна му се случи на Словачката Жилина.
Клубот се одлучи да ги намали платите и трошоците колку што е можно, но фудбалерите на белгискиот гигант не се задоволни од таа одлука. Покрај тоа, тие не прифаќаат да се одзема од нивната месечна заработка.
Искусниот Винсент Компани, кој е во Андерлехт како тренер и играч, реши да им понуди на своите соиграчи сите пари што би биле одземени претходното од раководство на клубот, со цел намалување на трошоците.
Компани, кој играше многу години во Манчестер Сити од летото повторно е во Андерлехт, и на овој начин сака да се осигура дека екипата на Андерлехт ќе остане заедно, бидејќи е јасно дека повеќето би заминале доколку нивниот клуб им ги намали платите.