Connect with us

Фудбал

Конечно, дојде денот кој Барселона го чека откако Лапорта стана претседател!

Фудбалскиот клуб Барселона конечно ќе ги испегла клучните финансиски проблеми, а тоа е водење бизнис во границите на фер-плејот. Како што е познато, откако Жоан Лапорта го наследи Хосеп Марија Бартомеу во март 2020 година, Барселона се стреми кон сооднос 1:1 , што беше невозможно до оваа недела.

Наводно, раководството на Барселона дошло до сите детали и во среда официјално ќе соопшти дека е во можност да ги регистрира сите нови договори и засилувања и дека повеќе нема да бидат блокирани како што беше случај во претходните два летни трансфер периоди. Барса и минатото лето мораше да повлече одредени финансиски лостови, луѓе од управата дури уплатија пари од свој џеб на сметката на клубот, со одобрение од Ла Лига дека истите пари ќе ги враќаат во следната година.

Жоан Лапорта посочи дека Барса наскоро ќе ги реши најголемите проблеми, а тоа е дека може да прави бизнис 1:1, односно колку заработува, може да потроши и за засилувања и пнови играчи. Кога пристигна Лапорта, касата беше толку празна што Барса можеше да работи само 1:4 во истото лето, затоа истото лето дојдоа само слободни играчи како Кун Агуеро и Ерик Гарсија, заедно со позајмениот Лук де Јонг. Сега ситуацијата е сосема поинаква и со последниот договор што ќе биде претставен утре, Барса ќе може да регистрира дури седум важни договори, и тоа – обновени за Араухо, Гави, Серхи Роберто и Маркос Алонсо, како и за регистрацијата на засилувања – Илкај Гундоган, Иниго Мартинез и Ориол Ромеу. Исто така, после тоа Барса конечно ќе ги обнови договорите на Алехандро Балде и Ламин Џамал, скапоцен камен на Барса роден 2007 година кој веќе го споредуваат со Лео Меси.