Фудбал
Конечно, по 8 месеци, фудбалерот на Барса се враќа на теренот
Барселона и Баерн во минатото имаа спектакуларни пресметки, а сигурно е дека и вечерва не очекува одличен фудбал. Со оглед на тоа дека се игра само еден меч, екипите немаат простор за премногу каклулации.
Зад Барселона е уште една сезона под очекувањата, па ЛШ е единствениот терен каде што се уште се бори за пехар.
Пред овој дуел тренерот на каталонскиот тим Киек Сетиен доби одлични вести, бидејќи ќе може да смета и на Осман Дембеле. Французинот не играче од јануари поради повреда, но се опорави, се чини во вистински момент. Тој добил „зелено светло“ од страна на лекарскиот тим. Сепак, можно е да се очекува мала минутажа на овој меч.