Други спортови
Конечно, познато е кога ќе стартува и Формула 1
По неколкуте одложувања и откажувања на трки, авструските власти дадоа зелено светло, па Формула 1 ќе може да се вози на патеката „Ред бул ринг“ и тоа на 5 јули.
Формула 1 уште нема потврдено како ќе изгледа барем почетокот од новиот, променет календар за сезоната 2020-та, меѓутоа Австријците сега најавија дека ќе стартува со две трки кај нив, на 5. и на 12. јули. Останува да се види како ќе реагираат останатите земји каде што требаше да се возат трки, а кои што се откажани поради коронавирусот.