Connect with us

Фудбал

Конфликт со навивачите и евентуално одземање на капитенската лента: Емери зборува за прашањето „Џака“!

Гранит Џака се наоѓа во центарот а вниманието, бидејќи играчот од средниот ред на натпреварот кој се игераше викендов им се врати на навивачите, бидејќи тие свиреа во моментот кога беше заменет.

Евентуалното отстранување на капетанската лента од Џака започна да опаѓа. Тренерот Унаи Емери неодамна зборуваше за оваа ситуација, според која Џака е пример. На прашањето за капитенската лента, шпанскиот селектор изјави дека не сака во моментот да зборува за ситуацијата.

„Во моментов не зборувам и не сакам да размислувам за оваа ситуација. Не е лесно, како за Џака, така и за тимот. Сега е опустошен, вознемирен. Разговарав со него вчера, недела вечера и утрово. Тој нормално си тренира со групата, но е разурнат. Џака се чувствува многу вознемирено од ваквата состојба што се создаде. Неговата посветеност е фантастична и тој сака да ни помогне. Неговото однесување на тренингот е пример. Тој знае дека згрешил и го чувствува тоа одвнатре. Нормално е за секој играч, бидејќи тој сака навивачите да го поддржат“.