Connect with us

Други спортови

Конкурентите ја намалуваат предноста на Хамилтон и Мерцедес

Луис Хамилтон беше најбрз и во втората слободна тренинг сесија пред Гран При на Австралија – првата трка за сезонава во Формула 1.

Британскиот пилот на Мерцедес даде најдобро време и во првата сесија со време 1:24,026 минути, а неговата предност пред вториот Ботас беше 0,551 секунди.

Во вториот тренинг, Хамилтон го подобри својот резултат – 1: 23,931 минути, но ривалите го топат заостатокот од „сребрените стрели“.

Второ време даде Макс Верстапен од Ред Бул, кој заостана 0,127 секунди зад четирикратниот светски шампион и се нареди меѓу Хамилтон и неговот клубски голега – Валтери Ботас.

Кими Раиконен со Ферари забележа четврти резултат, но може да добие казна, бидејќи едвај не се судри со Ботас за време на сесијата.

Четирикратниот шампион Себастијан Фетел со Ферари даде петто време.

По него беше Ромен Гросман од Хас, а Даниел Рикардо заврши со седми резултат.

Топ 10 ги комплетираа Фернандо Алонсо (Мекларен), Кевин Магнусен (Рено) и Стофел Вандорн (Мекларен).