Connect with us

Други спортови

„Конор изгледа како љубоморна проститутка која е премногу стара за да заработи пари“

Добро познатиот менаџер на ММА, Али Абделазиз, повторно сериозно ја навредува ирската sвезда, Конор Мек Грегор.

Конор во последниве денови го нарече Хабиб Нурмагомедов како кукавица бидејки се повлече од натпреварот со Тони Фергусон, закажан за 18-ти април.

Но, Абделазиз зачекори за да го заштити својот клиент и му упати неколку тешки зборови на Мек Грегор.

„Тој им кажува на луѓето да останат дома, а Хабиб е виновен што не може да патува и го нарекува кукавица. Од друга страна, демек донира милиони. Сè од него е лажно“, рече Абделазиз.

Тој тврди дека Мек Грегор е на четвртото место во категоријата лесна категорија.

„Конор не е број еден, но не два, ни три. Таму се Хаби, Џастин, Тони, а Конор е на четвртото место. Дури нение ниту во плановите. Тој изгледа како љубоморна проститутка која е премногу стара за да заработи пари”, истакна Абделазиз .