Connect with us

Други спортови

Конор Мек Грегор уапсен на Корзика!

Ирскиот ММА борец Конор Мек Грегор е уапсен за сексуално вознемирување.

Поранешниот член на УФЦ престојувал на Медитеранот во својата јахта кога бил уапсен и испрашуван во саботата. Тој беше приведен за сексуално вознемирување, но медиумите сè уште не добиле конкретни информации за тоа што се случило.

„На 10 септември добивме пријава против ирскиот државјанин Конор Мек Грегор за сексуално вознемирување и напад. Господинот беше испрашуван и ослободен“, соопшти јавното обвинителство.

Инцидентот наводно се случил во кафуле и ова не е прв пат Ирец да се најде во такви ситуации. Тој честопати предизвикуваше немири, па во април минатата година, во Ирска буквално за ништо, удри со тупаница човек во паб.

loading...

Тој исто така претходно нападна автобус со борци на УФЦ и фрли кон него корпа за отпадоци, а во 2019 година, во Мајами, украде мобилен телефон на маж.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com