Фудбал
Конте: Ги поклонивме двата гола на Лацио
Фудбалерите на Лацио славеа синоќа на домашен терен против Интер во големото дерби од 24. коло од Серија А.
Лацио сега е на второто место на табелата и има само еден бод зад лидерот Јувентус. Од друга страна, ова беше болен пораз за Интер кој го загуби првото место и сега е на третото место со три бода зад „Старата дама“.
Интер имаше одличен резултат по првиот дел, бидејќи поведоа со 1:0, но Лацио во второто полувреме дојде до пресврт и на крајот заслужено славеше со 2:1.
Тренерот на тимот од Милано, Антонио Конте, беше незадоволен затоа што неговиот тим премногу лесно прими два гола во продолжението на натпреварот.
„Ова беше добра игра, но не ми се допаѓа начинот на кој ги постигнаа головите. Ние на Лацио му ги дадовме двата гола. Малите детали на ваквите натпреварите одлучуваат сè, но тоа е процес кога нашиот тим учи од грешки и момците треба да бидат поопуштени во ситуации како тоа“, рече Конте, додавајќи.
„Бевме премногу меки. Имавме такви ситуации кога расејувавме поени. Најдобар ример за тоа се натпреварите против Барселона и Дортмунд кои ги имавме во рацете и ги загубивме на крајот. Момците играат многу добро и им се заблагодаруваме за тоа Тие се борат и се обидуваат да бидат на врвот“.