Фудбал
Конте го избира Видал, пред големата италијанска надеж
Според медиумите во Италија, тренерот на Интер, Антонио Конте, побарал да му се донесе Артуро Видал од Барселона, па по цена да пропадне трансферот на Сандро Тонали од Бреша, кој е голема фудбалска италијанска надеж.
Наводно и Кристијан Ериксен ќе биде продаден, за да му се исполни желбата на Конте, кој сака искусни играчи во тимот, а доказ за тоа е и Александар Коларов од Рома кој според информациите од идната недела ќе биде фудбалер на Интер.
Инаку, Сандро Тонали веќе ги договорил личните услови со директорот на Интер, Бепе Марота, наводно договорена била и сумата за обештетување со Бреша, но сепак Конте рекол овој трансфер да биде во мирување.