Connect with us

Фудбал

Конте го наоѓа посакуваниот напаѓач, ја „краде“ ѕвездата на ривалот во Серија А

Тренерот на Интер, Антонио Конте, бара напаѓач и сака да го обезбеди неговиот потпис во јануарскиот преоден рок. Тој ги користи Лукаку и Лаутаро на секој натпревар и на двајцата напаѓачи им треба одмор. Алексис Санчез е повреден, а со тоа се нарушуваат и плановите на тренерот.

Конте побара од директорите да го доведат Дирес Мертенс во тимот. Договорот на напаѓачот на Наполи истекува и нема намера да го обнови. Неодамнешните проблеми со италијанскиот тим и изречените казни го ставија печатот за неговата иднина, а од оваа ситуација ќе имаат корист Конте и Интер.

„Nieuwsblad“ пишува дека Мертенс сериозно ја разгледува оваа опција, додека Наполи се чини дека не претставува голема пречка. Претседателот Аурелио Де Лаурентис планира да извлече максимум од напаѓачот.