Connect with us

Фудбал

Конте имал усмен договор со Аргентинецот, ако е вистина Интер ќе има страшен напад

Објавено:

Дел од италијанските медиуми пишуваат дека Антонио Конте имал усмен договор со напаѓачот на Манчестер Сити, Кун Агуеро, следната сезона да се пресели во Милано. Наводно, тој ветил дека ќе дојде во Интер доколку тренерот може да му гарантира минутажа односно прва постава.

Како што е познато, пред неколку месеци, поради се што сторил за клубот, Манчестер Сити ќе го пушти Агуеро да замине и нема да бара некаква огромна сума на пари. Во случајот со Интер се спомнуваат околу 30 милиони евра.

Но, за англиските медиуми неговиот менаџер изјавил дека во случајот со Интер нема ништо конкретно. Агуеро има 31 година и веќе 9 години е во Манчестер Сити. Тој пред неколку месеци призна дека сака нов предизвик и дека по завршувањето на сезоната ќе замине. Има договор со англискиот тим до јуни 2021 година.

Доколку се реализира транферот, но и најавата дека Единсон Кавани се согласил на тригодишен договор и дека како слободен играч од ПСЖ ќе се пресели во Милано, Интер за следната сезона, заедно со Лукаку, ќе добие страшен напад.

Веќе е сигурно дека младиот Лаутаро Мартинез ќе се пресели во Барселона, а останува само да се договори начинот на кој ќе биде платен од страна на Каталонците. Во секој случај тоа ќе биде пари плус двајца фудбалери.

Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама