Connect with us

Фудбал

Конте инсистира, овие двајца се итни цели на Интер

Како што пренесува италијанскиот медиум „La Repubblica“, тренерот на Интер, Антонио Конте не е воопшто задоволен со достапните играчи и вложува напори за да обезбеди засилување во јануари.

Според Конте, Весино и Галјардини не се на нивна висина, додека Николи Барела е борец на кој му недостасува искуство и агресивност. Немања Матиќ од Манчестер Јунајтед и Дејан Кулушевски се итните цели на Конте, додека на летното има желба да го доведе Гаетано Кастровили од Фиорентина.