Connect with us

Фудбал

Конте ќе разговара за својата иднина во клубот со претседателот на Интер

Милано, 25 август 2020 (МИА) – Претседателот на Интер, Стивен Жанг мора да донесе одлука за иднината на Антонио Конте, пренесува „Спорт Медијасет“.

Конте има заладен однос со некои директори на клубот, бидејќи тренерот сака повеќе авторитет во формирањето на тимот, наместо да биде задоволен со тоа што му се „сервира“.

Жанг мора да одлучи која страна ќе ја поддржи. Вреди да се земе предвид и фактот дека разделбата со Конте и неговиот тренерски тим би го чинела Интер 50 милиони евра.

Ако Конте го напушти Интер, тогаш Масимилијано Алегри може веќе да го заземе неговото место. зс/