Connect with us

Фудбал

Конте му се заканил на фудбалер на Севиља: Ќе те чекам после мечот

Севиља и Интер играат фантастично финале во ЛЕ. По 75 минути игра резултатот е 3:2 во корист на шпанскиот тим. Пет гола, еден пенал, многу остри стартови и една ситуација во која дел беше и тренерот на Интер, Антонио Конте и по која доби жолт картон. При еден фаул настана кошкање, а она што не го видеа гледачите кај малите екрани е вербалната пресметка помеѓу Конте и фудбалерот на Севиља Банега. Како што пишуваат светските медиуми, Банега го повлекол за косата Конте, велејќи му да проба да види дали оваа перика е вистинска. На што Конте му одговоирл дека ќе го чека полсе мечот. Но, веројатно по  последниот свиреж на судијата сето ова ќе се заборави бидејќи се беше во жарот на борбата на теренот.