Фудбал
Конте: Не им зборував многу на фудбалерите на полувремето
Интер синоќа со голем пресврт го совлада Милан со 4:2.
Милан поведе со 2:0 и се чинеше дека се е готово по првите 45 минути. Сепак, избраниците на Антонио Конте одиграа многу порешително во продолжението и тоа им ја донесе победата.
Сите беа заинтересирани за тоа каква била тактиката на Конте на полувремето и какви упатства им даде на играчите.
„Постоеше можност тие да нè разбијат. Сепак, се вративме во рамнотежа и верувавме во тоа што го правиме. Заслугите ги должиме на играчите. На полувремето не им кажав многу. Оваа победа ќе ни значи многу на секој начин“, рече Конте.
Интер сега ги има истите бодови како Јувентус.
„Премногу е рано да се зборува за борба за шампионот. Можеме да сонуваме за тоа, но мора да имаме ист пристап на секој натпревар“, додаде Конте.