Connect with us

Фудбал

Конте: Не очекувајте дефанзивна игра, еве што е најважно против Дортмунд!

Интер ќе одигра многу важен и тежок натпревар во Лигата на шампионите, бидејќи треба да се соочи со Дортмунд. Во пресред на натпреварот, тренерот Антонио Конте разговараше со медиумите.

„Тоа е важен натпревар. Имаме четири бода, и ние и Дортмунд. Успеавме да победиме на домашен терен и знаеме дека не чека тежок натпревар против силниот тим.

Играме на стадион кој има вжештена атмосфера од навивачите. Затоа, најважното нешто на оваа средба ќе биде играта што ќе ја покажеме. Ако играме дефанзивно, тоа ќе биде затоа што тие ќе нè принудат на таква игра.

Тој што очекува дефанзивна игра од нас е целосно греши. Знаеме да се заштитиме, но тоа не значи дека ќе останеме цело време во дефанзива“.