Фудбал
Конте: Не знам дали ќе го водам Тотенхем повторно следната година, се зависи од навивачите
Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте лут го напушти натпреварот против Ливерпул викендов. А причина за тоа се навивачите кои гласно исвиркаа некои од ѕвездите на Спарс.
Италијанскиот стручњак навести дека дури би можел да си замине на крајот на сезоната, кога му истекува договорот, доколку навивачите не застанат зад тимот.
„Мислам дека секогаш треба да покажуваме голема почит кон нашите навивачи кои плаќаат билети. Но, ако ме прашате дали бев разочаран денес, морам да кажам да, бидејќи секогаш е важно да се биде искрен. По една година направивме многу подобрувања, но ако некој мисли дека сме подготвени да освојуваме трофеи, морам да ви кажам дека ќе биде навистина тешко. Далеку сме од тимовите со посилни состави кои се навикнати да победуваат“, изјави Конте.
„Значи, секој треба да ја разбере потребата од време и трпение. Во спротивно, може да ја изгубиме страста и ентузијазмот што ми е гориво. Ако го имам ова, тогаш сè оди во вистинската насока. Во спротивно, ќе продолжиме оваа сезона и потоа ќе видиме што ќе се случи на крајот од неа“, додаде Антонио Конте.