Фудбал
Конте: Не знам каде ќе бидам во иднина, но повеќе не сакам ваква сезона
„Морам добро да размислам што ќе одберам – семејството или фудбалот. Имаме различни размислувања, тоа не е тајна. Но, прво треба да ги оладиме главите, а потоа ќе се видам со челните лица на клубот. Не станува збор за некаков конфликт, туку за различни ставови и гледишта. Претседателот треба да ја донесе конечната одлука, а јас не сакам повторно ваква сезона“, рече Конте.