Конте: Нема да ја промениме нашата игра

Интер утревечер се соочува со Борусија Дортмунд, каде се надеваат дека ќе ја оствари својата прва победа во Лигата на шампионите по ремито со Славија Прага и поразот од Барселона.

„Неопходно е да се добие важен резултат на секој натпревар, така што нашиот пристап нема да се промени утре, дури ни нашата идеја или менталитет. Ние претпочитаме да размислуваме за себе. Примивме три гола против Сасуоло поради топките кои ги загубивме. Мора да бидеме претпазливи со Борусија, затоа што тие се многу добри. Ние го знаеме ова, но исто така сакаме да го играме нашиот фудбал“, изјави Конте.

-текстот продолжува по рекламата-

Интер и Дортмунд се среќаваат утре со почеток во 21 часот, како дел од третото коло од групната фаза во Лигата на шампионите.