Фудбал
Конте по победата против Наполи: Нека се јават сега оние кои Лукаку го нарекуваа мајмун
Антонио Конте по победата од 1:3 против Наполи, со двата гола на Лукаку и еден на Мартинез, беше презадоволен. За прв пат откако е тренер на Интер даде изјава со која прозва многумина.
Се однесува на игрите на Лукаку. Синоќа тој постигна два гола, а при првиот претрча речиси цел терен, сам отиде во контра и го совлада голманот на Наполи.
Поради тежината, поради слабите партии во Манчестер Јунајтед, Лукаку беше критикуван и постојано напаѓан од италијанските медиуми, но и разни фудбалски коментатори и тренери.
-Лесно е сега да се зборува. Нека се јават сега сите оние кои го критикуваа Лукаку и кои го нарекуваа мајмун. Од секогаш сум велел дека тој е небрусен дијамант, кој ќе светне доколку правилно се работи со него. Го сакав уште кога бев во Јувентус, инсистирав да се ангажира кога бев тренер на Челзи, вели Конте.