Connect with us

Фудбал

Конте по ремито со Фиорентина: Го загубивме второто место, па тоа е за лузери!

По ремито на Интер со Фиоренитна без голови, Јувентус вечерва против Удинезе има шанси и математички да ја завери титулата, но и да ја продолжи доминацијата во Серие А. Се понадеваа навивачите на Интер, но и воопшто спортските работници во Италија, дека со доаѓањето на Конте, Јувентус конечно добил конкурент во трката за титулата.

Но, на крајот Интер немаше сили. По мечот со Фиорентина, по кој Интер го загуби и второто место на табелата, Антонио Конте со урнебесна изјава.

-Второто место за мене е безначајно, тоа е прво место за лузери. Некој ќе се задоволи со тоа, но јас не, ниту сакам моите на играчи целта да им биде да бидат втори, изјави Конте.

Standings provided by SofaScore LiveScore