Connect with us

Фудбал

Конте се пожали од раководство

Менаџерот на Челзи Антонио Конте не е задоволен од неговиот третман кај раководството кога е во прашање трансфер политиката на клубот. Тој е самокритичен и вели дека мора нешто да направи на тоа поле.

– Не успевам да издејствувам тоа што барам. Морам многу да учам од другите тренери кои во најмногу случаи ги добиваат играчите што ги бараат. Јас сум катастрофален на тој план. Не успеав да ги убедам да купиме нови играчи. Сега е готово и не вреди да се зборува за тоа, бидејќи зимскиот преоден рок е веќе завршен, рече Конте.

Италијанскиот стратег додаде дека во претстојниот период ќе се фокусира на унапредување на формата на секој фудбалери е убеден дека од нив ќе го извлече максимумот.

– Можам да кажам дека најчесто успевам да го остварам максимумот од тимот со кој располагам. Се надевам дека така ќе биде на крајот од сезоната, потенцира Конте.

Челзи кој е актуелен шампион во Премиер лигата оваа сезона е далеку од врвот и по 27 рунди заостанува 22 бода зад лидерот Манчестер Сити.