Connect with us

Фудбал

Конте се жали на проблеми со Ковид-19, пред натпреварот со Ливерпул

Тотенхем и Ливерпул ќе се соочат вечерва со почеток од 17:30 часот во овонеделниот дерби натпревар во Премиер лигата.

Ливерпул сака да продолжи со високата форма, додека Тотенхем со евентуална победа би влегол во силната конкуренција за топ 4.

Да потсетиме дека „мамузите“ откажаа три натпревари поради случаи со Ковид-19.

Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте се пожали на проблеми со Ковид-19 пред денешниот натпревар.

„Искрено, во моментов не е лесно. Имаме три натпревари за играње, не знаеме кога и не знаеме дали другите натпревари ќе бидат одложени во иднина. Со проблемот со Ковид, многу ни е тешко да размислуваме што ќе се случи. Работевме многу добро две недели и потоа започнаа проблемите со Ковид. Сега, го одигравме последниот натпревар пред две недели. Имавме три дена на затворен терен и немавме тренинг“, изјави Конте.