Фудбал
Конте сонува да го води ПСЖ
Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте има голема желба да го предводи Пари Сен Жермен , според Le Parisien. Згора на тоа, италијанскиот стручњак веќе го известил раководството на Париз дека е подготвен да го заземе местото на Маурицио Покетино, кој сигурно ќе биде ослободен по крајот на сезоната.
Според авторитетното француско издание, добрите односи меѓу сопствениците на двата клуба – Даниел Леви и Насер Ал-Хелаифи можат да помогнат во реализацијата на зделката.
Договорот на Конте со Тотенхем е до 2023 година. Италијанецот потпиша со Спарс во ноември 2021 година и брзо ги стабилизираше перформансите на тимот. Под негово водство Тотенхем има реални шанси да заврши во топ 4 во Премиер лигата и да се врати во Лигата на шампионите.