Фудбал
Конте: Во Јувентус се добива само со играње до совршенство
По поразот од 1-2 на „Сан Сиро“, Интер утревечер повторно ќе се соочи со Јувентус, овој пат на „Алијанц стадион“ во реваншот од полуфиналето на Купот на Италија, каде ќе биде даден првиот билет за финале.
Конте, се појави денес на вообичаената прес-конференција, каде изјави дека Интер ќе се обиде да го врати минатонеделниот пораз, истовремено покажувајќи го и рецептот за тоа како може да се добие во Торино.