Connect with us

Тајмаут

Контејнерите во кои се сместуваат навивачи се уште не се готови, „апартманите“ чинат и до 200 евра

Многу од контејнерите во кои ќе бидат сместени навивачите за Светското првенство се уште не се готови, пишува Дејли Мејл. Цената на „апартманите“ е 200 евра за ноќевање.

Работниците мигранти продолжуваат неуморно да работат, така што предметните бродски контејнери се подготвени за понапредната фаза од Светското првенство во 2022 година.

Градежниците работат 14 часа на ден на жештини. Во овој период од годината, температурите во Катар се околу 30 степени. На мигрантите, главно од индиско потекло, им се плаќало по 25 фунти дневно за нивната тешка работа. Исто така, им биле ветени бонуси од уште 25 фунти за да работат побрзо и да ги подготват контејнерите на време.

„Ни велат да побрзаме. Ќе ни дадат бонуси доколку навреме ги завршиме задачите. Мораме да ги поставиме клима-уредите и да го подготвиме осветлувањето. Бараат да ја завршиме работата во рок од пет дена. Никој не може да си оди и да бара нова работа“, вели еден од работниците и додава дека вози 14-часовни смени со еден час пауза.

Facebook

Реклама