Фудбал
Копа Америка исто така во 2021 година!
Покрај Европското првенство во фудбал, одложено е и Копа Америка, пренесуваат странските медиуми.
Копа Америка исто така требаше да се игра ова лето, но поради проблеми со коронавирусот беше преместено за летото 2021 година, исто како и Европското првенство.
Иако во Јужна Америка не постои вонредна состојба поради коронавирусот, сепак не сакаат ништо да остават на случајност, бидејќи скоро сите фудбалери кои треба да играат на Копа Америка настапуваат во Европа, каде е жариштето на епидемијата.
Минатата година Копа Америка се одржа во Бразил и домаќинот ја освои шампионската титула. Оваа година натпреварувањето требаше да се одржи во Аргентина и Колумбија.
Овие информации сè уште не се официјални, но треба да бидат потврдени наскоро.