Поврзи се

Фудбал

Кориера дела Сера: Банкрот на шефот на ФК Милан

Банкротираше сопственикот на ФК Милан Ли Јохнон, објави италијанскиот венсик „Кориере дела Сера“.

Во текстот се наведува дека бизнисменот е на прагот на неизбежен банкрот и оти во неговата татковина Кина веќе почнале со распродажба на неговите имоти. Наскоро тие ќе бидат објавени на азиската верзија на „иБеј“ – „Таобао“.

Тој има сериозни долгови кон двете банки и кинеските власти истражуваат една од неговите компании, дека веќе два месеци крие дека е банкрот.

Ли го купи Милан од Силвио Берлускони минатата година за 740 милиони евра. За договорот, тој зема кредит од американскиот хеџ-фонд „Елиот Менаџмент“, кој мора да се врати до лето.

Италијанските медиуми објавија дека Ли го рефинансира заемот, но оваа информација не е потврдена. Во текот на летото од „Сан Сиро“ дадоа над 200 милиони евра за нови фудбалери и тие мораа да се вратат преку пласман во Лигата на шампиони.

Сепак, низата слаби резултати во есента ја претворија целта во речиси невозможна мисија, а потоа започнаа проблемите. Поранешниот извршен директор на „росонерите“, Адријано Галијани изјави дека при продажбата на клубот, Ли ги претставил сите потребни документи за финансиска стабилност.

– Не знам што се случува во Кина, но имаше три главни фактори со кои докажа дека има средства. Достави банкарска гаранција до Фудбалската федерација, во неговиот фонд имаше над 300 милиони евра и потоа даде многу пари за селекција, додаде Галијани, цитиран од „Кориере дела Сера“.

ФОТО

loading...

Повеќе од Фудбал