Connect with us

Фудбал

„Кориере дело Спорт“ предвидува дека Лигата на шампионите ќе продолжи на 7 август

Фудбалска Европа внимателно го следи развојот на пандемијата на коронавирус, се слушаат сите шпекулации кои најавуваат олабавување на рестриктивните мерки, што може да доведе до продолжување на спортските натпревари.

Целта на УЕФА е јасна: Националните првенства треба да бидат завршени до почетокот на август, така што во осмиот месец, меѓународните натпревари – Лигата на шампионите и Лигата на Европа – можат да бидат завршени без прекини.

Се повеќе се зборува за мини турнир како начин да се завршат меѓународните натпревари, а наводно куќата на европскиот фудбал, веќе ги „таргетира“ датумите за финалните натпревари. Така, финалето на Лигата на шампионите во Истанбул би можело да се игра на 29 август (треба да биде последниот натпревар од клупската сезона во Европа), додека финалето на Лигата на Европа би се играло три дена порано.

„Кориере дело Спорт“ денес објавува и неофицијални информации за можен датум за продолжување на натпреварот во Лигата на шампионите.

Гореспоменатиот весник смета дека преостанатите четири реванш-натпревари од 1/8 финале во Лигата на шампионите ќе се играат на 7 и 8 август. Ова се натпреварите Манчестер Сити – Реал Мадрид, Јувентус – Лион, Баерн – Челзи и Барселона – Наполи.

Откако „заврши работата“ во 1/8 финалето, четвртфиналните натпревари ќе се одиграа на 11 и 14 август, а полуфиналето на 18 и 22 август. Седум дена подоцна, на 29 август, ќе се игра финалето.

Доколку се остварат шпекулациите пред три дена први донесени од шпанскиот „АС“, новата сезона во Лигата на шампионите ќе започне на 20 октомври.