Други спортови
Ќориќ: Позитивен сум! Сите кои биле во контат со мене да се тестираат, добар сум немам симптоми
Откако турнирот во Хрватска беше откажан поради позитивен тест на коронавирус на еден од натпреварувачите од Бугарија, утрово медиумите во Хрватска објавија дека тројца други се позитивни на Ковид-19.
Еден од нив е и Бора Ќориќ кој се обрати и преку Фејсбук.
„Сакам да ве информирам дека сум позитивен на Ковид-19. Ве молам сите што сте биле со мене во контакт последните денови да се тестирате. Многу ми е жал, доколку кај некој предизвикав проблеми. Добро се чувствувам, немам симптоми. Чувајте се, ви испраќам љубов до сите“, напиша Ќориќ на Фејсбук.