Connect with us

Фудбал

Коронавирус и во фудбалски клубови во Македонија, по тестирањата вкупно шестмина заразени

Коронавирусот го зафати и фудбалот во нашата земја, поточно во тетовските клубови Ренова и Шкендија. Четири лица од Ренова и две од Шкендија се позитивни на вирусот Ковид-19.

Ова го потврди и синдикатот на фудбалери на Македонија кој објави на „Фејсбук“ дека повторената анализа покажала позитивни случаи во двата тима.

Ова претставува дополнителен проблем за враќањето на првенството, кое од ФФМ оваа недела беше најавено дека ќе продолжи. Сепак, развојот на ситуацијата не оди во посакуван правец.

-Во интерес на фудбалот и за доброто на сите јавно ги замолуваме електронските медиуми да не шпекулираат и да се држат до она што е објавено од наша страна.Точно дека има шестмина заразени во двата клуба од Тетово, но тоа не значи дека сите се фудбалери.Тестирани беа сите луѓе кои што работат во клубовите и со првата екипа, се вели во соопштението на Синдикатот на фудбалери на Македонија.