Connect with us

Ракомет

Коронавирус и во македонскиот ракомет

Двајца ракометари на вториот тим на Еурофарм Пелистер биле позитивни на последните тестирања. Според информациите тие, но целиот втор тим на оваа екипа ќе бидат во задолжителна изолација од две недели, а потоа ќе им бидат повторно направени тестови.

Позитивни ракометари има и во таборот на новиот суперлигаш Голден Арт КЛ7. Од таму велат:

-Свесно и целно, пред почетокот на тренажниот процес за своите кадети, младинци и првиот тим се организираа скрининг тестови. Истите беа спроведени од страна на “Жан Митрев Клиник”.

Играчите веднаш по пристигнувањето од своите места на живеење според сите правила на дистанца и заштита прво беа упатени на скрининг тестирања. Кај двајца играчи (еден сениор и еден кадет) скрининг тестовите беа позитивни. Истите се во самоизолација и се чувствуваат добро без ниту еден симптом, се вели во соопштението.

 

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама