Connect with us

Фудбал

Коронавирусот одложи три натпревари во Серија А

Италијанската фудбалска федерација одложи три натпревари од денешната програма во 25 коло во Серија А, поради ширењето на коронавирусот на северот на Италија.

Натпреварот меѓу Аталанта и Сасуоло, предвидена да се игра на „Бергамо“ од 15 часот, нема да биде одигран ниту натпреварот Верона – Каљари (15:00 часот), а Интер нема да имаат шанса против Сампдорија да се врати на три бода зад Јувентус. Тој натпревар требаше да се одигра во 20:45 часот. Новите датуми на натпреварот ќе бидат дополнително утврдени.

Вчера се одиграа три натпревари од 25 коло. Болоња и Удинезе одиграа 1:1,  Јувентус го совлада СПАЛ на гости со 2:1, а воедно тоа беше и 1000. натпревар на Кристијано Роналдо во кариерата. Во вечерните часови Фиорентина и Милан одиграа 1:1.