Connect with us

Фудбал

Коронавирус помеѓу фудбалерите на македонски клубови, ФФМ ги откажа баражите

Натпреварувачката комисија во Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за откажување на бараж натпреварите за пополнување на Втора МФЛ – Запад.

Одлуката е донесена откако резултатите од тестирањето за коронавирус – Covid-19 потврдија дека вкупно 13-ет фудбалери од екипите на ФК Чаклани и ФК Фортуна се позитивни на Covid-19.

Според пропозициите за натпреварување, ждреб ќе одлучи која од трите екипи, ФК Чаклани, ФК Фортуна и ФК Велешта ќе обезбеди место во Втора МФЛ – Запад за натпреварувачката сезона 2020/21.

Откако ќе бидат добиени резултатите од тестирањето за коронавирус – Covid-19 на екипите на ФК Росоман и ФК Слога Виница, Натпреварувачката комисија ќе одлучува во однос на одигрувањето на натпреварот за пополнување на Втора МФЛ – Исток.