Кошарка
Коронавирус и во НБА лигата, Леброн: Ако нема навивачи и мене ќе ме нема
Градските челници во Сан Франциско донесоа забрана за било каков собир кој надминува илјада лица. Тоа, секако се подразбира и за мечевите на НБА тимот Голден Стејт.
Информацијата ја објави тамошниот портал „Сан Франциско Хроникл“, а се подразбира дека идејата на градот е на тој начин да ја намали можноста од ширењето на коронавирусот.
Мерката на сила ќе биде барем две недели, а НБА лигата се уште не се огласи по повод мечот Голден Стејт – Бруклин закажан за петок наутро во 3.30 часот по наше време.
Неколку НБА играчи веќе реагираа, а најгласен беше Леброн Џејмс. Тој за можноста да се игра пред празни трибини порача:
-Ако во салата нема навивачи, тогаш и мене ќе ме нема, порача тој минатата недела кога се појави информација за можна ваква мерка.