Connect with us

Фудбал

„Коронавирусот“ не простува никому, во карантин Видал и Санчез

Поради Коронавирус две чилеански фудбалски sвезди кои играат во Европа ќе завршат во карантин, Артуро Видал од Барселона и Алексис Санчез од Интер. Ова ќе се случи со нивното враќање дома, пред следните натпревари, квалификациите за Светското првенство во 2022. Оваа одлука ја објави министерот за здравство на Чиле, Хаиме Маналич. Карантинот на двајцата играчи ќе се примени пред натпреварите, а репрезентацијата на Чиле игра против Уругвај на 26 март и против Колумбија 5 дена подоцна.

„Ние не правиме разлика во професијата на луѓе затоа што никој не е имун на овој вирус“, рече Маналич, дозволувајќи им на двајцата играчи да се соочат со изолација во своите домови или во просториите на националниот тим. Играчот од средниот ред на Болоња, Гери Медел е меѓу другите чилеански фудбалери кои треба да бидат ставени во карантин, доколку бидат повикани на двата мечеви во квалификациите.