Фудбал
Коронавирусот се шири, УЕФА не попушта – ЛШ ќе се доигра!
Сериозно е зголемено ширењето на заразата од Ковид-19 и вториот бран кој еруптира во Португалија во последниве десетина дена со опасниот вирус.
Европската фудбалска унија (УЕФА) нема да го замени Лисабон по никоја цена, објави телевизиската мрежа „ЕСПН“ повикувајќи се на извори во Нион.
Завршницата од ЛШ треба да се игра од 12 до 23 август во Лисабон, а на 7 и 8 август да се доиграат реванш четвртфиналињата, додека Лига Европа е преселена во Германија со финале во Келн на 21 август.