Connect with us

Други спортови

Коронавирусот сè уште го мачи спортот – Формула 1 шампионатот останува без трка!

Календарот на Формула 1 во 2023 година ќе биде одвоен за Големата награда на Кина.

Трката во Шангај, која требаше да се одржи на 16 април следната година, официјално беше откажана поради проблемот со коронавирусот кој се уште ги мачи Кинезите.

Така, следната година најверојатно ќе се одржат 23 трки, освен ако Светската автомобилска федерација (ФИА) не најде замена за Шангај, каде што трката не се одржува од 2019 година.

Како потенцијална замена за Кина се споменуваат Португалија и патеката во Портимао.