Connect with us

Други спортови

Кошарка М-20: Македонските репрезентативци заминаа за Бугарија

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години утрово отпатува за Софија каде ќе учествува на Европското првенство (дивизија Б).

Македонија е сместена во групата А заедно со Летонија, Азербејџан, Белгија и со Белорусија.

Селекторот Никола Василев на овој шампионатот ги поведе: Миле Станимировиќ, Константин Мартиноски, Елвис Хот, Никола Кицев, Дамјан Крстевски, Петар Огњеновиќ, Петар Прентовиќ, Виктор Ефремовски, Павле Михајлоски, Ранко Мамузиќ, Леонид Тодоровски и Томислав Петров.

Според распоредот, Македонија утре ќе игра со Летонија, на 15 јули протуив Белгија, двба дена подоцна со Азербејџан и на 18 јули со Белорусија.

Реклама

ФОТО

Повеќе од Други спортови

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com