Кошарка
Кошаркарите на Хувентуд стигнаа до убедлив триумф
Младиот репрезентативец на Македонија Ненад Димитријевиќ забележа ефект од пет поени (1/3 за три и 2/2 за еден поен) во 14. минутната игра за време на натпреварот Хувентуд- Уникс Казан.
Кошаркарите на Хувентуд стигнаа до убедлив триумф над еден од топ фаворитите за висок пласман во Еврокупот, екипата на Уникс (90-73).
Во последниот круг од оваа прва рунда, екипата на Хувентуд гостува во Љубљана и игра против екипата на Цедевита Олимпија.