Поврзи се со нас
Here is the banner code 300x250 for mobile:

Кошарка

Кошаркарите против себе ќе имаат само 250 навивачи на Естонија!

Ќе биде дозволено присуство на публика на претстојниот квалификациски турнир за Евробаскет 2021, но во крајно лимитирана бројка.

Естонската влада го ограничи бројот присутни на настани во затворен простор на само – 250.

Салата во Талин каде ќе се играат натпреварите е со капацитет од 5.000 седишта, но според одлуката на властите кошаркарските натпревари ќе можат да ги следат само 250 навивачи. Новите законски одредби стапуваат на сила за неколку дена, односно на 28. ноември, на денот на започнувањето на „активностите“ во „балонот“ во „Саку Сурхал“ Арената во Талин.

Дефинитивно, поволна вест за нашиот национален тим, кој во оној натпревар на одлука, закажан за 30. ноември, против себе ќе нема и полна сала со домашни навивачи.

Во естонската престолнина се најдоа десетте кошаркари кои изминатиов период тренираа во Скопје (Дамјан Стојановски, Андреј Магдевски, Кристијан Николов, Филип Бакоч, Лука Савичевиќ, Леонид Тодоровски, Марко Симоновски, Бојан Трајковски, Виктор Ефремовски и Љубомир Младеновски) на кои за време на патот им се приклучија интернационалците Војдан Стојановски и Џејкоб Вајли.

loading...

Facebook