Connect with us

Кошарка

Кошаркарот на Мајами одби да клекне за време на американската химна

Кошаркарот на Мајами хит, Мејерс Леонард одби да клекне за време на интонирањето на американската химна пред натпреварот против Бостон.

Додека другите играчи клекнаа, Леонард стоеше и ја слушаше химната со раката на срцето.

Иако неговиот потег разбесни многумина, тој на крајот проговори и објасни зошто стои:

“Јас стојам. Јас се залагам за мажи и жени, како и за мојот брат кој и служеше на оваа земја. Јас се спротивставувам на насилството и немирите во Вашингтон. Стојам во име на солидарност со моите соборци и браќа. Јас се спротивставувам на фантазијата, расизмот и омразата. Се залагам за надеж дека нашата земја еден ден ќе престане да користи разлики за да не раздели и да види дека нашите срца можат да се обединат денес. Јас стојам со љубов во моето срце за сите “, рече Леонард.

Синоќа Леонард постигна девет поени, а оваа сезона има просек од 4,5 поени по натпревар.