Кошарка
Кошаркарот на Портланд порача: Измамени сме
Раководството на НБА лигата донесе одлука да ја започне новата сезона на 22 декември.
Сепак, нивната одлука не наиде на одобрување од голем број играчи, а критична кон неа беше кошаркарот на Портланд, Си Џеј Меколум.
Овој кошаркар смета дека сезоната започнува прерано, и потенцираше дека некои играчи ќе имаат само 70 дена без натпревари.
„Да бидам искрен, бевме измамени. Од многу причини, сезоната не требаше да започне толку рано“, рече Меколум и додаде:
„Ни беше кажано дека нема шанси сезоната да започне во декември. Но, се случи тоа што се случи. Играчите на Лејкерс и Хит ќе имаат само 70 дена без натпревари“.