Connect with us

Кошарка

Кошаркарската федерација на Македонија ќе биде организатор на две европски првенства

Идната година ќе ги оргнизираат кадетскиот шампионат во машка и младинскиот во женска конкуренција

На сецницата на генералното Собрание кое се одржува денеска во Сараево, а на кое присуствуваат претседателот Перо Антиќ, и генералниот секретар на нашата федерација, Владимир Георгиевски, ФИБА одлучи да ја додели организацијата на КФСМ на уште две европски младински натпреварувања во наредната календарска година.

По едно во машка, односно во женска конкуренција…

Европското првенство од Дивизијата „А“ за кошаркари „Под 16“ години, кое е предвидено да се одржи во периодот од 12. до 20. август 2022 година.

Кадетите се единствена младинска категорија во која македонската репрезентација е во „А“ дивизијата, откако се пласира на тоа натпреварување во 2018 година, на шампионатот во Сараево, а следната година го одбрани своето место со освојувањето на деветтата позиција во Удине.

Нашата федерација уште во 2020 година требаше да биде домаќин на овој шампионат. Тогаш не се одржа поради пандемијата од коронавирусот, а годинава затоа што Европската кошаркарска федерација одлучи, место турнири, да се играат незадолжителни „Челенџер“ турнири.

Освен кадетското ЕП во машка, КФСМ ја доби и организацијата на Европското првенство Б-дивизија во женска конкуренција, з акошаркарки „Под 20“ години, што треба да се одржи од 9. до 17. јули 2022 година.

Сето ова е само уште една потврда за довербата која нашата федерација ја ужива кај раководните луѓе на ФИБА. Но и доказ плус за максималната посветеност кон европските обврски реализирани во текот на изминатово лето во кое бевме организатори на три „Челенџер“ турнири, како и  ФИБА тренерскиот семинар.

ФОТО: КФСМ

Реклама

Facebook

Реклама