Connect with us

Кошарка

Кошаркарски „случај Меси“: Барселона нема пари за Никола Миротиќ

Каталонскиот гигант Барселона е во огромни финансиски проблеми.

Фудбалскиот клуб ги загуби Лионел Меси и Антоан Гризман ова лето поради финансиски проблеми, а истите проблеми ги има и кошаркарскиот дел на каталонскиот клуб.

Адам Ханга и Виктор Клавер веќе го напуштија тимот, и лесно може да се случи да замине најплатениот играч на тимот, Никола Миротиќ.

Поранешниот шпански репрезентативец е веројатно најплатениот играч на тимот со плата од 3,8 милиони евра по сезона и е товар за буџетот на клубот.

Клубот се обидува да преговара за намалување на платата со 30-годишниот кошаркар. Тој сака да остане во клубот, но ќе мора да прифати многу помал договор од сегашниот.

Ќе видиме дали Миротиќ ќе се согласи на помала плата или на крајот, како Лионел Меси, ќе мора да го напушти клубот.

Никола Миротиќ ја започна својата професионална кариера во Реал Мадрид, а во Барселона пристигна во 2019 година, откако одигра пет сезони во НБА лигата.

Таму играше за Булс, Пеликанс и Бакс и имаше просек од нешто повеќе од 12 поени по натпревар.