Connect with us

Кошарка

Кошаркарските клубови изгласаа прекин на првенството без прогласување првак

Предмалку со соопштение  КФМ  ја извести јавноста дека домашното кошаркарско првенство во услови на пандемија нема да продолжи и истовремено нема да се прогласи шампион. Со ова е отфрлено барањето на МЗТ Скопје првенството да се реши на терен а не со административни одлуки, објави Сител.

Кошаркарската федерација во својот допис до јавноста соопшти дека  8 од вкупно 10 клуба се изјасниле против продолжување на првенството и истовремено се против прогласување на првак во ваква ситуација.
Дали со ова ќе заврши судирот помеѓу  федерацијата и актуелниот кошаркарски првак останува да видиме. Металците пред неколку дена се заканија доколку не бидат прогласени за шампиони според постојниот пласман на табелата тогаш ќе го бојкотираат настапот во домашното првенство и ќе играат исклучиво во регионалната лига и купот на европските шампиони.

Раководството на МЗТ имаше и предлог да се доигра првенството и првакот да се реши на терен дури и без настап на странците.

Ваквата одлука не ја прифатија поголем дел од клубовите кои напоменуваат дека првакот се решава само на терен но за тоа поради загрозеното здравје на играчите и останатите учесници на натпреварите не постојат услови.

Останува уште УО  да го разгледа овој предлог  и да донесе конечна одлука.