Connect with us

Кошарка

Кошаркарското првенство ќе почне на 3 октомври

Скопје, 11 септември 2020 (МИА) – Македонското кошаркарско првенство ќе почне на 3 октомври. Федерацијата ќе ги покрие трошоците за задолжителното тестирање од Ковид-19, на 72 часа пред почетокот на сезоната 2020/2021.

  • Новата сезона во Првата лига-мажи ќе почне на 3.октомври, одлучи Здружението на претставниците на клубовите кои се дел од прволигашката конкуренција, на состанокот кој го водеше новиот претседател на Здружението, Мери Ковачевска.

Меѓу нив и двата нови членови на елитното друштво, КК „ТФТ“ од Скопје и КК „Црн Дрим“ од Струга, што ја прават бројката на екипи-учесници на 12.

Согласно со тоа, односно системот за натпреварување за сезоната 2020/21, во првиот дел од првенството ќе се одиграат вкупно 22. кола, објави КФСМ на својата веб-страница.

Првопласираните шест екипи (со пренесени бодови од првиот дел), продолжуваат со натпреварувањето во Супер лигата.

loading...

Двојки за 1. коло:

Академија ФМП – Гостивар
ТФТ – Куманово
Кожув – Пелистер
МЗТ Скопје Уни Банка – Еуро Никел 2005
Работнички – МЗТ Скопје Аеродром
Вардар – Црн Дрим. зс/

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com