Connect with us

Кошарка

Косово е забранета зона за КК Партизан

На експедицијата на кошаркарскиот клуб Партизан не и беше дозволен влез на територијата на Косово. Српскиот клуб се упатил кон Косово да им даде поддршка на своите сонародници кои протестираат против мерките на Приштина, но и да одигра пријателски натпревар со Трепча, братски клуб на „црно – белите“ од 2014 година. Сепак, Партизан беше сопрен на граничниот премин „Јариње“.

Песимизам дека ќе успеат да влезат на Косово изрази претседателот на Партизан, Остоја Мијаиловиќ.

  • Европа не знае што се случува на Космет. Преминот ни е забранет. Сакавме мирно да протестираме со својот народ и да одиграме пријателски натпревар. Ни кажаа да одиме преку брдото, но не сакаме да ризикуваме апсење. Видете што се случува во 21 век, изјави првиот човек на Партизан.

Тој кажа дека проблемот настанал, бидејќи експедицијата не била најавена.